Home / e² Вести / ЗИМСКИ КАМП 2020

ЗИМСКИ КАМП 2020

Нудиме ексклузивна и уникатна можност за интердисциплинарен пристап во изучување на наука, технологија, инженерство и математика со LEGO® коцки, истовремено овозможувајќи им на децата стекнување со способности и вештини неопходни за животот на 21 век, со специјално дизајнирани и единствени интернационални STEM програми во нашата земја, распространети насекаде во светот а препознатливи по својот успех како наградувани, ексклузивни и статистички проверени од врвни институции и стручни лица од целиот свет.

УПИСИ ЗА ЗИМСКИ КАМП 2020

e² Young Engineers Skopje Macedonia е интернационална и лиценцирана програма за интердисциплинарно изучување на наука, технологија, инженерство и математика (STEM) со Lego® коцки а преку која се градат идните програмери, деца кои ќе бидат идните problem solver-и и со способност за критичко размислување, идни лидери, луѓе со повисока свест и самодоверба, деца кои ќе креираат поинакво, понапредно и подобро општество, и оваа година организира уникатен ЗИМСКИ КАМП за деца од 6 до 12 години.

Овој начин на иновативно учење кое доаѓа од Израел, успешно се пренесува и имплементира во повеќе од 50 земји во светот, вклучувајќи ја и Македонија единствено преку Young Engineers Skopje Macedonia – лиценца на светскиот бренд Young Engineers e² за STEM едукација со помош на која децата совладуваат нов начин на размислување и се стекнуваат со вистински вредности во подготовка за животот на иднината.
Програмата по која ќе се одвива ЗИМСКИОТ КАМП 2020 е направена со посебно внимание со цел да предизвика голем интерес за развивање на способности и вештини неопходни за животот на 21 век:

  • Core Leadership Values
  • Algorithmic thinking
  • Critical thinking
  • Problem solving
  • Creative thinking
  • Outside of the box thinking
  • Empathy
  • Gracious Professionalism
  • Collaboration
  • Science and Engineering

ЗИМСКИОТ КАМП 2020 за деца од 6 до 12 години ќе се одвива во ПРЕМИУМ деловен комплекс БИСИ на улица Лондонска, Тафталиџе 1 (спроти City Mall) во периодот:
Термин: 13 – 17 јануари 2020
Секој ден од 8:30 до 16:30/17.00

ЦЕНА за една недела: 4.500,00 денари

*Цена со семеен попуст за 2 или повеќе деца од
исто семејство е 3000 денари по дете.

Во цената е вклучено:

Учество во зимското училиште,

Потребни материјали,

Пијалоци и ужинки,

Сертификат за учество.

*За учениците кои ги посетуваат програмите на Young Engineers, ЦЕНА за една недела (5 дена): 3.500,00 денари
Цена за едно дневна посета на кампот: 1,500,оо ден
*Бројот на местата е ограничен!
Предност имаат лицата со пополнет формулар за регистрација и извршена уплата.

ПОСЕБНИ ЦЕЛИ И МЕТОДОЛОГИЈА:
Важноста на секој час се согледува во процесот на изградба на моторизирани модели со помош на LEGO® коцки коишто ја покажуваат темата на часот. Децата учат принципи на математика преку научни пресметки за нивната изградба и физика преку интуитивно учење а ги развиваат и своите способности за самостојно учење и ги подобруваат способностите за градење на модели. Основната цел на програмите е да се илустрираат инженерските принципи преку експерименти и демонстрирање, да ги направат децата да станат паметни и
креативни генијалци кои ќе ги претставуваат следните генерации на иноватори, научници и програмери. Веруваме дека најефикасниот начин е доколку направиме учењето да биде забавно и возбудливо a возможно само преку добро испланиран и практичен образовен систем кој вклучува комбинација од учење и забава, преку употреба на  Спирално учење и Учење засновано на решавање проблеми (PBL)

Врз основа на методот на спирално учење, нашите програми им овозможуваат на децата да ги учат основните принципи и термини, истовремено среќавајќи се со нови контексти, се подлабоко и подетално со секој нареден чекор, преку:

  • Учење засновано на решавање проблем (Problem based learning – PBL),
  • Учење засновано на производ (Product based learning).
  • Учење преку проект (Project based learning).

СВЕТСКА ПРЕПОЗНАТЛИВОСТ НА STEM ПРОГРАМИТЕ НА e² YOUNG ENGINEERS

  • Добитници на признание од EU за совршени едукативни програми и придонес во развој на иновативно општество.
  • Добитници на награда од Британско министерство за образование.
  • Добитници на прва награда од Youth Business International.
  • Добитници на Гинисов рекорд.
  • Поддржани од iCarnegie на Универзитетот „Карнеги Мелон“.
  • Статистички докажани од Center for Cooperation and Advancement (CCA), MASHAV Trainig Center.

Часовите ги водат:

  • Асистенти на Факултети, дипломирани од област на компјутерски науки, физика и инженери по информатика и електротехника.
  • Квалификувани наставници, обучувачи за методика, психологија и педагогија во образование и едукација.
  • Сертифицирани, врвни и ценети професионалци кои во рамките на стручната инженерска заедница и општеството во целина, со висок степен на кредибилност и признанија.

Освен редовните програми, нудиме можност и за:

  • Роденденски забави (e² Birthday Parties),
  • Кампови/работилници(e² LEGO Bricks Camps),

Програми за деца со попреченост во развој(BUILD UP Special needs- LEGO Enrichment Workshop),

  • Програми за постари лица(Golden Age- Senior Citizens Workshops),
  • Работилници за возрасни луѓе(Adult PRO LEGO)

Контакт информации:
e² Young Engineers Macedonia
Official certified and authorized
Franchise of e² Young Engineers
Т: +389 77 399 999
М: contact@youngengineers.mk
М: info@youngengineers.mk
W: www.skopje.youngengineers.mk
W: www.youngeng.net

Check Also

Работилница на e² Young engineers за STEM (науката, технологијата, инженерството и математиката) едукација со LEGO® коцки (6.5.2017)

Почитувани родители, ни претставува посебно задоволство да Ве поканиме Вас и Вашите деца да присуствувате …