Home / e² Вести / Уписи 2020

Уписи 2020

Нудиме ексклузивна и уникатна можност за интердисциплинарен пристап во изучување на наука, технологија, инженерство и математика со LEGO® коцки, истовремено овозможувајќи им на децата стекнување со способности и вештини неопходни за животот на 21 век, со специјално дизајнирани и единствени интернационални STEM програми во нашата земја, распространети насекаде во светот а препознатливи по својот успех како наградувани, ексклузивни и статистички проверени од врвни институции и стручни лица од целиот свет.

УПИСИ ЗА ГЕНЕРАЦИЈА 2020

Почеток на програмата: Февруари 2020

Крај на програмата: Декември 2020

СПЕЦИЈАЛНО ДИЗАЈНИРАНИ ЕДУКАТИВНИ STEM ПРОГРАМИ И
ДОПОЛНИТЕЛНИ АКТИВНОСТИ НА e² YOUNG ENGINEERS
Лиценцата на Young Engineers во Македонија, нуди:

  1. Редовна годишна програма – Algo Play во која се изучуваат основи на
    програмирање и роботика, користејќи интуитивно јасен програмски
    јазик со кој роботизираните модели се движат на најуникатен и
    иновативен начин со помош на светлина, звук или зададена команда.
    Вкупен број на часови: 32
    Времетраење на час: 75 минути
    Настава: Еден пат во неделата
  2. Редовна годишна програма – Bricks Challenge во која се изучуваат
    основните STEM принципи
    Вкупен број на часови: 32
    Времетраење на час: 75 минути
    Настава: Еден пат во неделата
  3. Редовна годишна програма – Galileo Technic во која се изучуваат
    напредните STEM принципи и која ја следат учениците кои го
    поминале претходното ниво.
    Вкупен број на часови: 32
    Времетраење на час: 75 минути
    Настава: Еден пат во неделата
    Во светот сме препознатливи по својот успех како наградувани, ексклузивни и
    статистички проверени од врвни институции и стручни лица од целиот свет.
    Програмите се наменети за деца од 5 години па нагоре.

СНОВНИ ЦЕЛИ И ВРЕДНОСТИ СО КОИ СЕ СТЕКНУВААТ ДЕЦАТА:
Изучувањето на програмите на Young Engineers овозможува развој на неопходните вештини за животот на 21 век:

  • Core Leadership Values
  • Algorithmic thinking
  • Critical thinking
  • Problem solving
  • Creative thinking
  • Outside of the box thinking
  • Empathy
  • Gracious Professionalism
  • Collaboration
  • Science and Engineering

Јазици на кои се одвива наставата:
· Македонски
· Англиски јазик
· Албански јазик
· Турски јазик

Локации:

  1. Премиум Деловен комплекс БИСИ (спроти Skopje City Mall)
  2. Улица Истарска, бр.33 (зад Олимписки базен)

ПОСЕБНИ ЦЕЛИ И МЕТОДОЛОГИЈА:
Важноста на секој час се согледува во процесот на изградба на моторизирани модели со помош на LEGO® коцки коишто ја покажуваат темата на часот. Децата учат принципи на математика преку научни пресметки за нивната изградба и физика преку интуитивно учење а ги развиваат и своите способности за самостојно учење и ги подобруваат способностите за градење на модели. Основната цел на програмите е да се илустрираат инженерските принципи преку експерименти и демонстрирање, да ги направат децата да станат паметни и
креативни генијалци кои ќе ги претставуваат следните генерации на иноватори, научници и програмери. Веруваме дека најефикасниот начин е доколку направиме учењето да биде забавно и возбудливо a возможно само преку добро испланиран и практичен образовен систем кој вклучува комбинација од учење и забава, преку употреба на  Спирално учење и Учење засновано на решавање проблеми (PBL)

Врз основа на методот на спирално учење, нашите програми им овозможуваат на децата да ги учат основните принципи и термини, истовремено среќавајќи се со нови контексти, се подлабоко и подетално со секој нареден чекор, преку:

  • Учење засновано на решавање проблем (Problem based learning – PBL),
  • Учење засновано на производ (Product based learning).
  • Учење преку проект (Project based learning).

СВЕТСКА ПРЕПОЗНАТЛИВОСТ НА STEM ПРОГРАМИТЕ НА e² YOUNG ENGINEERS

  • Добитници на признание од EU за совршени едукативни програми и придонес во развој на иновативно општество.
  • Поддржани од HARVARD Graduate School of Education
  • Добитници на награда од Британско министерство за образование.
  • Добитници на прва награда од Youth Business International.
  • Добитници на Гинисов рекорд.
  • Поддржани од iCarnegie на Универзитетот „Карнеги Мелон“.
  • Статистички докажани од Center for Cooperation and Advancement (CCA), MASHAV Trainig Center.

Часовите ги водат:

  • Асистенти на Факултети, дипломирани од област на компјутерски науки, физика и инженери по информатика и електротехника.
  • Квалификувани наставници, обучувачи за методика, психологија и педагогија во образование и едукација.
  • Сертифицирани, врвни и ценети професионалци кои во рамките на стручната инженерска заедница и општеството во целина, со висок степен на кредибилност и признанија.

Освен редовните програми, нудиме можност и за:

  • Роденденски забави (e² Birthday Parties),
  • Кампови/работилници(e² LEGO Bricks Camps),
  • Програми за деца со попреченост во развој(BUILD UP Special needs- LEGO Enrichment Workshop),
  • Програми за постари лица(Golden Age- Senior Citizens Workshops),
  • Работилници за возрасни луѓе(Adult PRO LEGO)

Контакт информации:
e² Young Engineers Macedonia
Official certified and authorized
Franchise of e² Young Engineers
Т: +389 77 399 999
М: contact@youngengineers.mk
М: info@youngengineers.mk
W: www.skopje.youngengineers.mk
W: www.youngeng.net

Check Also

Работилница на e² Young engineers за STEM (науката, технологијата, инженерството и математиката) едукација со LEGO® коцки (6.5.2017)

Почитувани родители, ни претставува посебно задоволство да Ве поканиме Вас и Вашите деца да присуствувате …