Често поставувани прашања за Young Engineers
Која е логиката да имате четвртооделенец во ист клас со првоодделенец?
Во текот на програмите за збогатување на знаењето на Young Engineers, децата се среќаваат со едукативни материјали до кои обично немаат пристап на училиште на нивната возраст. Некои возрасни луѓе можеби не би ги знаеле принципите кои се изучуваат и како такви, програмите претставуваат еднаква платформа за теоретско учење на сите. Моделите се креираат со делови што му овозможуваат на секое дете да гради и истражува во согласност со неговата лична желба и способност. Земајќи го ова во предвид, може да се појави социјален јаз доколку еден петоодделенец посетува програма на Young Engineers со многу првоодделенци, така што препорачуваме децата да посетуваат програма заедно со соученик од одделението или другарче.
Зарем не се часовите премногу долги? Дали децата не губат интерес?
Всушност не. На почетокот на секој час на нив им се предава одредена тема, по што тие се нестрпливи да почнат со изградбата за да можат да си играат со крајниот производ. Кога часот ќе заврши повеќето деца дури и не се свесни колку време поминало.
Дали еден првооделенец може да ја разбере суштината на лекциите?
Нашите програми се специјално направени за деца, почнувајќи од оваа возрасна група, функционираат повеќе години наназад и се докажано многу успешни. Изучувањето на секоја лекција е поткрепено со изработка на соодветни експерименти. Слободно прашајте ги Вашите деца што научиле и ќе бидете изненадени кога ќе слушнете колку тие може да разберат на оваа возраст.
Моето дете е пет и пол години (забавиште), надарено е и сака да ги следи програмите. Зошто тоа не е можно?
И покрај тоа што вашето дете е надарено, треба да знае да чита и пишува и да има малку математичко познавање од собирање и одземање.
Дали децата ги носат моделите дома?
За жал, комплетите што се користат се многу скапи и затоа мораат да останат кај едукаторот. Децата сепак го носат дома она што го научиле, знаење кое вклучува физика, математика и инженерство.
Која е цената на програмите за збогатување на знаењето?
Ние сме компанија која се занимава со изучување на практични предмети и која настојува да се осигура дека детето се враќа дома образовано, искусно и среќно. Слободно контактирајте не.
Колку траат програмите и колку често се одржуваат?
Просечното времетраење на еден час од програмата Bricks Challenge е 60-75 минути, програмата Galileo Technic е 75 минути и Robotics е 90 минути. Програмите се одржуваат во текот на школската година.
Што се случува ако часот се откаже поради неработен ден?
Ќе се закаже дополнителен час на подоцнежен датум за да се надомести изгубеното.
Дали може да се присуствува на пробен час?
Секако. Нашите пробни часови се бесплатни. Во случај да одлучите да продолжите со програмата, ќе треба да платите а тоа го вклучува и надоместокот за пробниот час.
Може ли да останам на часот заедно со моето дете?
Престојување со Вашето дете не се препорачува. Целта на програмата е децата сами да се организираат и справуваат со различни задачи. Покрај тоа, тука е и проблемот дека ако Вие го придружувате Вашето дете, сите деца ќе сакаат нивните родители да бидат таму а тоа може да предизвика проблеми за едукаторот.
Колку се големи вашите групи?
До 16 деца во една група.
Дали секое дете добива комплет?
Секое дете или пар добива комплет, во зависност од видот и сложеноста на моделот што се гради. Во случаите кога децата работат во парови, секое дете конструира различна фаза и на крајот тие ги поврзуваат двата дела во еден модел.
Кои се едукаторите?
Секој едукатор поминува специјална обука од Young Engineers и добива сертификат. Сите наши професионалци се ценети во рамките на стручната инженерска заедница и општеството во целина, со висок степен на кредибилност и признанија.
Тие работат со учениците за да ја поттикнат нивната љубопитност и да развијат кај нив постојан апетит да прават и истражуваат сé повеќе, или како што вели нашиот слоган: тие ќе ја изградат својата и нашата иднина, денес.
Нашите едукатори можат да им објаснат на децата сé што тие можат да научат и направат.
Дали треба да носам нешто на час?
Само добро расположение. Ние обезбедуваме сè останато.
Дали е можно да се купи комплетот за програмите за збогатување на знаењето?
LEGO® комплетот на Young Engineers не е достапен во продажба.
Ако имате какви било други прашања, слободно контактирајте не.