Home / LEGO® кампови

LEGO® кампови

e² LEGO® кампови

Училиштата можеби не работат во текот на летото, но тоа не значи дека не треба да учиме

LEGO® камповите на Young Engineers претставуваат возбудливо искуство за учесниците од сите возрасти. Ние охрабруваме континуирано учење во текот на летото. Нашите различни камп програми нудат одлично искуство на едукација низ забава. Ние нудиме неколку вида на учество во нашите е² LEGO® кампови: LEGO® ден во кампот и е² LEGO® во Вашиот камп.

Lego® ден во кампот

Ние нудиме уникатни услуги за летни кампови и децата во кампот. Стоиме на располагање да го посетиме Вашиот камп и да одржиме возбудлива еднодневна програма. Нашите обучени едукатори ќе го посетат Вашиот камп и ќе ги одржат нашите ексклузивни работилници со LEGO® коцки за децата од сите возрасти. Нашиот персонал ќе ги донесе сите потребни материјали за учесниците да можат да ги прават нашите ексклузивни LEGO® модели. LEGO® ден во кампот на Young Engineers исто така може да биде и само еден супер специјален ден кој што можете да го додадете во Вашиот летен календар. Контактирајте не да поразговараме за начините на кои може да се прилагодат нашите LEGO® програми за потребите на Вашиот камп и децата во кампот.

e² LEGO® во Вашиот камп

Освен нашиот еднократен специјален ден, ние нудиме и услуги за кампови и на попостојана основа. Young Engineers се на располагање да го посетуваат Вашиот камп и да ги одржуваат нашите програми во согласност со Вашата тековна програма во кампот. Ние ќе ги испратиме нашите стручно обучени професионалци во Вашиот камп да ги одржуваат нашите различни програми за збогатување на знаењето на дневна или неделна основа, во зависност од Вашите потреби. Ние работиме со деца од сите возрасти и со најразлични способности за учење. Контактирајте не да поразговараме за начините на кои може да се прилагодат нашите LEGO® програми за потребите на Вашиот камп и децата во кампот.