Почетна

Денес живееме во свет во кој сè брзо се менува.

Свет во кој сите имаат пристап до многу информации.

Свет во кој ако и самите не се менувате постојано, заостанувате зад другите, а нашиот слоган се однесува токму на иднината.

Young Engineers е единствената компанија која нуди инженерско образование за ученици со свој тим за истражување и развој. Не само што ги подучуваме нашите ученици, туку и ние самите учиме секој ден.

Во светот каде знаењето и информациите експоненцијално растат и се лесно достапни, учениците треба да градат капацитети и способности за да се стекнат со вистинското знаење за обработка на информациите, за анализа и извршување на планови и за остварување на зацртаните цели. Оваа способност ќе им користи во текот на целиот нивен живот, ќе им овозможи лесно и брзо да се прилагодуваат на брзите промени во денешниот променлив свет, и на овој начин, ќе им обезбеди нивен личен просперитет, како и општествен развој и економски раст на земјата.

Со други зборови, програмите на Young Engineers им помагаат на учениците да ги препознаваат можностите каде и да се појават, со секоја следна фаза на развојот на технологијата.

Како функционира?

Нашата цел е да поставиме темели за постојан економски развој и да обезбедиме вработување за нова група на технолошки работници, кои ќе го зајакнат нивото на иновации и експертиза.

Ова ќе помогне да се зголеми БДП, како и ангажирањето на работниците во областа на информатичките и комуникациски технологии (ИКТ), кои исто така ќе бидат значајни учесници во глобалната економија.

Врз основа на комбинацијата на образование, забава и практично искуство, кај учениците ќе се развива мотивацијата и желбата да изучуваат инженерски програми во иднина.

YE образование

Програмите за збогатување на знаењето e² Young Engineers обезбедуваат интересно учење низ пракса.

Нашите ученици работат со комплети од LEGO® делови и други игри со делови за склопување ексклузивно дизајнирани од страна на нашиот развоен тим за нашите програми за изработка на модели и роботи. Учењето станува забавно и достапно за сите ученици и за сите возрасти.

Илјадници ученици од целиот свет ги посетуваат нашите различни програми, успешно учејќи со нашиот единствен модел на едукација низ игра и забава (edutainment). На секој час се изучуваат теоретски и применети математички и научни принципи а учениците се стекнуваат со практични способности што ќе можат да ги применуваат во иднина. Докажано е дека учесниците во нашите програми постигнуваат успех на училиште во традиционалната настава по математика и наука поради сеопфатното образование што го стекнуваат преку изучување на нашите програми.

Ефект на ОКЕ – образование, конкурентност, економија (ECE effect – education, competitiveness, economy)

Сите образовни системи се засноваат на фактот дека на децата им е потребно образование за да ги развиваат своите знаења и способности, но образованието може да има многу различни форми.

Во Young Engineers, ние веруваме дека најефективниот начин да го привлечеме вниманието на учениците и да им помогнеме да ги развиваат своите способности за учење, анализа и операции, е доколку го направиме учењето забавно и возбудливо. Ова може да се постигне само преку добро испланиран практичен образовен систем кој вклучува комбинација од учење и забава.

Како го постигнуваме ова? Со комбинирање на две методи:

1. Метод на спирално учење

Им овозможува на наставниците да ги запознаваат своите ученици со различни инженерски принципи, на тој начин со што изучувањето на секој нов инженерски принцип, претходно усвоените инженерски принципи подобро се разбираат и повеќе се употребуваат, при што се овозможува стекнување на сеопфатно инженерско интередисциплинарно знаење.

2. Метод на учење засновано на решавање на проблем/производ/проект

Ги зајакнува способностите за независно учење, кои на учениците и возрасните им помага во справување со предизвиците во реалниот живот, паралелно со учењето.

Ние веруваме во холистички образовен пристап осмислен со цел да се поттикнуваат и развиваат мисли, чувства и искуства, или со други зборови, ние веруваме дека учењето треба да биде забавно.

Филозофијата на Young Engineers  се однесува на брзиот технолошки развој во денешниот свет, кој се очекува да влијае на зголемувањето на конкуренцијата. Бидејќи информациите се лесно достапни преку интернет, филтрирањето на релевантните информации и обработката на тие информации станува комплицирана задача. Исто така, како што употребата на технологијата станува сè попопуларна и подостапна, луѓето ќе се најдат во ситуација да се натпреваруваат со роботи и компјутерски услуги. Овој предизвик можат да го надминат само учениците кои ја развиваат својата креативност, критичкото размислување и истражувачките способности, ученици кои знаат како да создаваат решенија за предизвиците на мултидисциплинарниот живот на 21 век и поседуваат практични информации за да ја завршат дадената задача.

Значи, како ова е поврзано со економијата? Познат е фактот дека онаму каде што постои конкуренција врз основа на образованието, резултатот е раст, а кога една земја расте, тоа има економски глобален ефект, така што теоретски, еден ученик може да го промени светот. Можете ли да замислите што можат да направат многу ученици? Ние можеме.

Едукација низ игра и забава денес за подобро утре

Што претставува методот на едукација низ игра и забава (edutainment)? Тоа e метод врз основа на кој ги развиваме нашите програми а кои кај учениците го поттикнуваат размислувањето, креативноста и иновацијата, обезбедуваат конкретно чувство на успех негувајќи ја самодовербата, капацитетот и внатрешниот фокус за контрола кај учениците.
Учениците кои учествуваат во програмите на Young Engineers стануваат љубопитни и развиваат постојан апетит да прават и истражуваат сè повеќе, или како што вели нашиот слоган: тие ќе го изградат нивното и нашето утре, денес.