Home / Galileo technic

Galileo technic

За ученици во основно училиште: со завршен степен на Bricks Challenge или по препорака на едукатор за поседување на соодветно знаење
Просечно времетраење на часот: 75 минути

Кликнете овде за пријавување

Учениците кои учествуваат во напредната програма за збогатување на знаењето на е² Young Engineers, Galileo Technic, ќе се стекнат со практично искуство кое ќе ги подготви за нивното идна работа во 21 век. Учесниците ќе се подучуваат да користат експертско ниво на инженерско размислување, да користат математика и физика за решавање на проблеми и конструкција на ефикасни машини. Со користење на ваквата професионална инженерска перспектива, учениците ќе учат да се фокусираат на пронаоѓање на соодветни решенија за даден проблем. Покрај тоа, тие ќе работат во групи, промовирајќи ја тимската работа во изградбата на комплексни механизми.

Galileo Technic овозможува напредно ниво на тематско учење, применувајќи принципи на машинско инженерство преку градење на LEGO® модели. Врз основа на анализа на физичките, математичките и техничките аспекти на работењето на одредена машина, учениците ќе го изберат најефикасниот метод за конструкција на нивната машина. Учениците изучуваат одредена тема; ја истражуваат од различни агли и контексти истовремено вклучувајќи ги основните процеси кои често ги применуваат инженерите. Учесниците ќе ја завршат програмата Galileo Technic со неверојатни новостекнати знаења и способности во областите на науката, технологијата, машинското инженерство и математиката (STEM).

Преглед на наставната програма Galileo Technic:

Наставната програма за Galileo Technic се надградува на наставната програма Bricks Challenge. Освен со понапредни лекции од воведното ниво на математика, физика и инженерство на Bricks Challenge, учесниците во програмата Galileo Technic ќе се запознаат со нови инженерски термини и принципи.

Во Galileo Technic се изучуваат инженерски механизми како што се: системи за трансмисија со повеќе канали, механичка координација, движење на телото на ротациона оска, центар на гравитација и точка на ротација, различни примени на запчести механизми, загуба на енергијата, рециклирање, ограничена трансмисија со појас и слично. Учениците се надградуваат на математиката што ја научиле во рамки на Bricks Challenge и, исто така, ќе се запознаат со принципите на статиката, разбирајќи што претставуваат веројатноста и можноста.

Цели на програмата Galileo Technic:

  • Поттикнување на самостојно и креативно учење,
  • Развој на способноста за анализирање на инженерскиот процес,
  • Стекнување на способности за спроведување на инженерски проекти,
  • Проширување на способностите за решавање на проблеми,
  • Стекнување на општи познавања на физичките закони и различните природни појави,
  • Зајакнување на чувството за самоефикасност и способноста за управување со времето,
  • Подобрување на комуникациските и интерперсоналните способности,
  • Поттикнување активности за градење на тимови.

Теми за изградба на модели во програмата Galileo Technic:

  • Различни уреди за лансирање
  • Градежна опрема
  • Индустриска опрема
  • Возења во забавен парк
  • Животни
  • Различни механизми што се користат во моторните возила
  • Комплексни машини