Home / Algo Play

Algo Play


Поедноставување на програмирањето 

Соодветна за деца од 5+ и нагоре.

Просечно времетраење на часот:

60 – 75 минути

Револуционерна образовна програма која што ги учи децата на основите на програмирањето и роботиката, користејќи интуитивен и директен физички јазик за програмирање. AlgoPlay ги воведува децата во светот на роботиката преку практично, уникатно и незаборавно образовно искуство. 

Краток преглед на наставната програма за AlgoPlay

Young Engineers веруваат во предавања со Методот на спирално учење. Со овој метод, секоја програма се заснова на наставната содржина на претходната програма. Исто така, ние секогаш ги поттикнуваме новите ученици и ги повторуваме научните принципи за да бидеме сигурни дека сите ученици можат да ги следат содржините.

Со опипливиот јазик за програмирање на Algobrix®, учениците започнуваат со градење на модел со LEGO коцки и потоа создаваат различнии линии код со користење на командите за извршување на функции и параметри. На крај, со притискање на копчето Play, роботот ќе ја изврши секвенцата на кодот.

Со поврзувањето на командите за функции и параметри, детето креира наредба за роботот. На пример, роботот да се придвижи напред или да се вклучи црвена сијаличка. Со поставувањето на блоковите еден по друг, се креира код кој што ќе го изврши моделот. Во секоја лекција, учениците ќе извршуваат задачи со програмирање на високо ниво како што се планирање на алгоритми, функции и параметри, услови, циклуси, истовремена работа на различни делови, отстранување грешки, критична секвенца, примена на сензори и многу повеќе. AlgoPlay им овозможува на учениците да се стекнат со професионални вештини кои што се неопходни за разбирање на логиката зад речиси секој јазик за програмирање што постои денес.

Цели на програмата AlgoPlay се:

  • Откривање на програмирањето и машинско инженерство 
  • Запознавање со терминологијата за софтверско инженерство 
  • Вовед во алгоритамско размислување 
  • Поттикнување решавање проблеми 
  • Развивање на креативност и критичко размислување 

Теми за модели на AlgoPlay:

  • Уреди и игри 
  • Атракции во забавен парк 
  • Различни типови на машини за транспорт 
  • Модерни роботи за извршување едноставни задачи