Home / Студија на мозокот и Истражување

Студија на мозокот и Истражување

Студија на мозокот и Истражување

Зошто едукацијата низ забава докажано функционира

Со години наназад невронаучниците испитуваат како на најефикасен начин луѓето можат да ги апсорбираат и задржуваат информациите. Не е чудно што тие откриле дека позитивните емоции и чувства се од клучно значење за начинот на кој човекот размислува. Научниците утврдија дека сложените процеси на  размислување се поттикнуваат со надминување на предизвиците и позитивно зајакнување додека негативните емоции како што се стравот и притисокот го оневозможуваат продуктивното учење.

Во Young Engineers ние разбираме дека учениците во основно училиште ретко знаат со сигурност со каква професија ќе се занимаваат во иднина, или дури и како ќе изгледа идната работна средина. Сепак, сметаме дека нашиот пристап кон учењето заснован на едукација низ забава е најдобар начин да се подготват идните генерации за непознатото преку развивање на способностите за критичко и креативно размислување, капацитетот за учење и задржување на нови информации и способности, и секако нивната прилагодливост. Ние го правиме сето ова преку нашиот забавен начин на учење.