Home / e² Вести / Стотина основци се натпреваруваа во интердисциплинарно изучување технологија и инженерство

Стотина основци се натпреваруваа во интердисциплинарно изучување технологија и инженерство

Повеќе од стотина основци учествуваа во првиот STEM-натпревар во Македонија кога успешно го поминаа првото ниво на „Основни STEM-принципи“ од програмата Bricks Challenge на Young Engineers. Победник на натпреварот, кој се одржа на Факултетот за електротехника и информациски технологии, е ученикот Игнатиј Тасевски, кој заедно со уште 3 лица, ќе престојува во Леголенд, Германија, како награда за првоосвоеното место на натпреварот во организација на Young Engineers Skopje Macedonia, единствена лиценцирана програма за STEM-едукација во Македонија со LEGO® коцки.

Второто место, поради ист број поени, го поделија учениците Огнен Цацаноски и Теодор Веселинов, а треттото место го доби Теодосиј Лазаревски. Освен тоа што сите финалисти и сите учесници беа наградени, во согласност со остварените резултати низ повеќе фази, а според повеќе критериуми, како што се: теорија, време, точност и функционалност, напредна надградба на зададениот модел на изградба, важно е да се истакне дека натпреварот беше предизвик на кој децата, освен тоа што се натпреваруваа во стекнатото знаење, уште од мали се учат на одговорност кон сопствениот успех, почит кон себе и другите, одговорност и управување со времето, индивидуалниот фокус и вложениот труд да се постигне посакуваната цел.

Ваквите натпревари се голем предизвик што треба да ги мотивираат младите деца – идни инженери, кои освен да ги ставаат своите знаења во функција и да покажат колку и што научиле, треба да ги охрабри да не се откажуваат лесно од она што го сакаат, да бидат упорни, истрајни и да веруваат во себе, да ги поттикнат да размислуваат на еден поинаков логичен и неконвенционален начин, да се научат да бидат одговорни и да се борат за сопствениот живот.

Натпреварот се одржа на Факултетот за електротехника и информациски технологии. „Ваквите натпревари овозможуваат децата да слушнат или да влезат во магијата на инженерството. На ваков начин, уште од најмали нозе, им се открива сосема нов свет и преку натпревар, тие се борат да стекнат што е можно повеќе знаења. Исто така, дел од овие дечиња ќе бидат наши идни студенти. Им честитам на добитниците“, вели деканот на ФЕИТ, професор Димитар Ташковски.

 

Check Also

Работилница на e² Young engineers за STEM (науката, технологијата, инженерството и математиката) едукација со LEGO® коцки (6.5.2017)

Почитувани родители, ни претставува посебно задоволство да Ве поканиме Вас и Вашите деца да присуствувате …