Статистички е докажано дека учениците кои учествуваат во нашите програми за збогатување на знаењето e² Young Engineers постигнуваат високи оценки по сите предмети од областа на науката кои се изучуваат на училиште.
По обемни тестирања, спроведени од страна на Центарот за кооперативно унапредување, статистички е докажано дека учениците кои учествуваат во нашите програми за збогатување на знаењето e² Young Engineers постигнуваат повисоки оценки по сите предмети од областа на науката кои се изучуваат на училиште. Во текот на нашето искуство, брзиот раст и глобалната експанзија, бевме сведоци за зголемување на концентрацијата и креативноста на учениците.
Програмите за збогатување на знаењето со LEGO® коцки на Young Engineers се засновани на нашиот ексклузивен модел на едукација низ забава. Овој прогресивен метод на едукација им ги обезбедува на децата најдобрите алатки за учење како на теоретски така и на практични концепти. Тој им помага на учениците да ги надминат бројните ограничувања кои постојат во традиционалната училишна средина истовремено поттикнувајќи независно размислување.
Ние исто така утврдивме дека оние ученици кои се приклучуваат на нашите програми e² Young Engineers во основно училиште се стекнуваат со математички знаења кои се потребни за постигнување напредок кога ќе се сретнат со посложените наставни програми за научните предмети во средно училиште.