Возбудлива и различна роденденска забава на која ќе градиме модели со LEGO® коцки
Препорачана должина на активноста
90/120 минути
Ден со LEGO – Роденденски забави
Децата сакаат да играат со LEGO® коцки, па зошто да не им приредиме роденденска забава со LEGO® коцки? e² Young Engineers има подготвено возбудлива роденденска забава за деца од сите возрасти. Вашето дете и сите негови или нејзини гости ќе добијат по еден од нашите LEGO® комплети. Секој гостин или гостинка ќе може да си направи свој модел и да си игра со него. Има многу модели од кои можете да изберете. Децата ќе учат додека заедно го правиме моделот.
Возбудливо и различно искуство на роденденска забава на која ќе градиме модели со LEGO® коцки
Young Engineers се специјализирани за организирање на несекојдневни настани – LEGO ДЕН, кои се прилагодуваат на потребите на Вашето дете и на неговите или нејзините гости. Можеме да ја прилагодиме забавата за низа различни типови на настани, за која било возрасна група и за која било големина на групата. Ова е единствена роденденска забава во која сите ќе уживаат.