Метод на едукација низ забава – Пример на ПИСА тест (ОЕЦД)
Како едукацијата низ забава го „поминува тестот“
Прашање: Купивте нова куќа и одлучивте да изградите ограда околу периметарот. Како ќе ја измерите должината на оградата?
Најголемиот дел од учениците кои посетуваат традиционална настава со предавање на лекциите, ја научиле точната формула за пресметување на периметарот и се сетија дека станува збор за бројот Пи = π = 3.14. Од тој момент, доаѓањето до остатокот од решението е лесно.
Сепак, некои деца кои учеле на понеконвенционален начин употребија јаже и ја измерија должината на периметарот за да си ја докажат формулата и бројот Пи = π = 3.14.
Прашањето стана покомплицирано кога периметарот беше асиметричен.
Децата во првата група, кои научиле да користат поконвенционални методи, можеа да го решат прашањето обидувајќи се да ги применат математичките формули што ги имаат научено на посложениот начин кој го бара ова прашање.
Втората група, која учела понеконвенционални начини го искористи истото јаже за пресметување на точниот резултат и го реши проблемот користејќи експериментален пристап. Ова е ефикасна примена на алатките стекнати во нетрадиционалните средини за учење на втората група.
Резултати:
Во втората група на ученици кои користеа практични, но сепак неконвенционални методи за решавање на овие прашања, само 20% не добија точен резултат. Меѓутоа, стапката на неуспех во првата група беше 80%.
Овој пример покажува дека сложените интеграли и пресметки немаат значење кога се користат неправилно или во нерелевантни случаи. Тоа што децата научиле да размислуваат надвор од границите на традиционалните методи за учење (outside of the box), ги доведува во позиција да успеат во животот, докажувајќи дека има повеќе точни начини за решавање на проблемот.