Home / e² Вести / Претставници на Young Engineers во емисија во живо на националната телевизија Телма

Претставници на Young Engineers во емисија во живо на националната телевизија Телма

Претставници на Young Engineers во емисија во живо на македонската национална телевизија Телма ја претставија возбудливата можност за образование, што конечно пристигна во Македонија и донесува интернационална специјална методологија за учење за нашите деца да учат STEM додека си играат со LEGO® коцки.

Во Young Engineers ние веруваме дека најефикасен начин да се привлече вниманието на учениците и да им се помогне во развивањето на нивните способности за учење, анализа и операции е да го направиме учењето забавно и возбудливо. Ова може да се постигне само преку добро испланиран практичен образовен систем, кој претставува комбинација на едукација и забава.

На овој начин, ние им овозможуваме на учениците кои учествуваат во нашите програми да станат љубопитни и да развијат постојан апетит да прават и истражуваат сè повеќе, како што вели нашиот слоган: тие можат да ја изградат својата и нашата иднина, денес!

Check Also

Работилница на e² Young engineers за STEM (науката, технологијата, инженерството и математиката) едукација со LEGO® коцки во Capitol Mall (6.5.2017)