Ова е посебен програм на Young Engineers, преку кој со помош на LEGO коцки се овозможува поттикнување на способноста за правилното процесирање, разбирање и интегрирање на сензорната информација, со цел да се создаде подобрена самостојност и учество во секојдневните животни активности, играта и училишните обврски кај децата со попреченост во развојот.
Со цел да помогнеме, нашите активности се насочени и кон децата со:
- Оштетување на видот,
- Оштетување на слухот,
- Oграничена мобилност,
- Продорни нарушувања во развој (Pervasive development disorders – PDD),
- Синдром на дефицит на внимание и хиперактивност (Attention deficit-hyperactivity disorder – ADHD).