Home / Метод на едукација низ игра и забава

Метод на едукација низ игра и забава

Метод на едукација низ игра и забава
Едукација + Забава = (edutainment)

Во Young Engineers ние веруваме дека треба да ги вклучиме нашите ученици во образовниот процес истовремено развивајќи ја нивната способност да учат. Ние разбираме дека секое дете има различна техника за учење и задржување на информациите, но сепак откривме дека најмалиот заеднички содржател за успешно образование е да се направи учењето забавно. Ние имаме внимателно осмислена практична наставна програма, која претставува комбинација на едукација и забава создавајќи го нашите уникатен метод на едукација низ игра и забава.

Во Young Engineers, нашата иницијатива отсекогаш била да воспоставиме оригинален и неспоредлив пристап за образование на инженерите и научниците на иднината создавајќи привлечно образовно искуство во кое тие можат да уживаат во раната возраст. Нашите програми и различните наставни програми во нивни рамки им даваат на учениците можност да се чувствуваат сигурни и полни со знаења кога ќе влезат во светот на инженерството и науката исполнет со предизвици, преку обезбедување на поттикнувачка, практична средина во која ќе ги развијат потребните способности.

Young Engineers вклучува две наставни техники во создавањето на нашиот метод на едукација низ забава: Методот на спирално учење и Учење засновано на решавање на проблем/производ/проект.