Историја на едукацијата низ забава (едузабава)
Како сè започна
Нашиот метод за едукација низ забава е создаден од страна на главниот извршен директор и основач на е² Young Engineers Амир Асор, дипломиран инженер по инфрматика и економист.
Асор имал потешкотии во учењето како дете. Тој бил инспириран да го создаде нашиот ексклузивен наставен метод за едукација низ забава додека волонтирал како медицински работник во итна помош.
Тој сфатил дека исто како што докторите не користат идентични планови за лекување за секој пациент, така и наставниците исто така треба да ги персонализираат наставните планови врз основа на индивидуалниот стил на учење на учениците.
Со вградување на практично емпириско учење со демонстрации и минимално предавање на лекции, Асор открил рецепт за успешно учење. Нашиот пристап кон образованието обединува многу различни стилови на подучување. Ова ни помага да ги задоволиме потребите на голем број на различни ученици и нивните лични стилови на учење. Децата можат да учат и да се забавуваат во исто време.