Работилници за постари граѓани и возрасни
LEGO® коцките се присутни меѓу нас од 1942 година, нудејќи забава за младите и за сите што се чувствуваат млади со генерации
Сите знаат што се LEGO® коцки и сите се сеќаваат на моментите кога си играле со нив. LEGO® коцките се присутни на пазарот од 1942 година, забавувајќи ги младите и како и оние што се чувствуваат млади со генерации наназад. Нема многу луѓе кои не го доживеале уживањето во играта со LEGO®, и токму поради ова тие остануваат едни од најпопуларните коцки до ден денес.
Специјалните забавни активности на Young Engineers за луѓето во златното доба претставува одличен начин за поминување на слободното време за оние кои можеби имаат заборавено колку е всушност забавно работењето со LEGO® коцките. Секој учесник го добива ункатниот комплет на LEGO® коцки на Young Engineers и упатства „чекор-по-чекор“ со големи букви и слики. Сертифицираниот едукатор за е² дава насоки за целото време. Учесниците ќе изградат фасцинантен технички моторизиран модел со LEGO® коцките. Овие работилници помалку се однесуваат на теоретската примена, а повеќе на физичката изградба на моделите. Како што старееме, напорно се трудиме нашите моторни способности да функционираат толку добро колку што сакаме. Работењето со малите LEGO® делови помага да се одржат непроменети и фините и грубите моторни вештини кај постарите граѓани.
Работилници за постари граѓани & внучиња
LEGO® е безвремена играчка, нешто во кое и бабите и дедовците и децата можат да уживаат заедно.
Што може да биде подобро од баби, дедовци и внуци кои го минуваат попладнето заедно играјќи со LEGO®? Ние одржуваме 90-минутни активности на кои постарите граѓани и нивните внуци можат да учат и да си играат заедно. Еден од нашите искусни едукатори ја води работилницата на која баби, дедовци и внуци градат модел со LEGO® коцки, а користат и дополнителни електрични делови за да може моделот да се движи. Децата имаат образовна активност, истовремено поминувајќи квалитетно време заедно со своите баби и дедовци.