Едукација низ забава, забавувајте се и истовремено едуцирајте се за целото време.
Програмите за збогатување на знаењето на e² Young Engineers, во наставата користат единствен метод на едукација низ игра и забава. Ние веруваме дека можеме да им го приближиме на сите деца знаењето во областите на математиката, науката и технологијата преку часови во кои ќе уживаат.
e² Young Engineers има развиено голем избор на различни програми, со цел да се подучуваат предметите што сметаме дека претставуваат пат кон иднината.
Нашите програми за збогатување и работилници се прилагодени за ученици со различни способности за учење. За разлика од традиционалните методи на настава засновани на предавања на лекциите, нашите едукатори ги привлекуваат учениците со употреба на приказни, практични експерименти и демонстрации. Нашите учесници учат примени на математички принципи и закони на физиката во реалниот живот и машинско и софтверско инженерство.