Ивана и Иван од e² Young Engineers за Lego коцките – Утринска на Телма
Young Engineers e² – Добедојдовте во револуцијата во образованието
Во свет каде што технологијата постојано се развива и подобрува, родителите ја сфаќаат се поголемата потреба да им го обезбедат на нивните деца најдоброто можно образование во областа на науката, технологијата, инженерството и математиката (STEM). Во е² Young Engineers, ние веруваме во обезбедувањето поддршка и помош за родителите да ја постигнат оваа цел, преку подготовка на нивните деца за средина во постојан развој – таква каде што инвентивноста, создавањето и иницијативата се неопходни фактори за успех.
За оваа цел, е² Young Engineers се тука со револуцијата во образованието!
Ние ги снабдуваме децата со алатки и способности на 21 век потребни за да придонесат во областите на STEM и да се вклучат во комплексните предизвици кои ги наметнуваат променливите барања на денешните работни места.
Приклучувањето на револуцијата во образованието денес значи успех во иднина – за вас и за инженерите и научниците на иднината!
STEM Програми на Young Engineers
Машинско инженерство, електро енжинерство, роботика и софтверско инженерство – Сите тие се дел од начинот на Young Engineers за градење на вашата иднина. Денес!
Ослободете го вашиот ум – Young Engineers
Креативното размислување ви помага да го откриете светот и го ослободува вашиот ум!
Часовите на Young Engineers – совршено место за децата
Целата идеја е многу едноставна. Пуштете ги децата да бидат деца … a децата сакаат да си играат повеќе од што било друго.
Значи, ние ја избравме најинтересната играчка на светот и подготвивме неколку едукативни програми за деца, така што сега кога тие ќе сакаат нивните автомобили од LEGO® коцки да одат побрзо, ќе знаат кој запченик ќе треба да го сменат за да го постигнат тоа. Потоа, со тоа што знаат како да направат нивниот автомобил да оди побрзо, тие, всушност, научиле како да направат пренос на брзината.
Толку едноставно!
Значи ова е нашата револуција во образованието!
Дајте им ги на децата вистинските алатки за да ја откријат убавината на STEM, и во училницата немојте само да подучувате – оставете ги самите да ги учат работите.
Уживајте!
Програми за збогатување на знаењето – модели со LEGO® коцки
Модели со LEGO® коцки од нашите часови осмислени од Young Engineers.
Beyond the brick– изложба на e² Young Engineers 2013
Погледнете го краткиот видео клип од изложбата на е² Young Engineers Beyond the brick која се одржа во Тел Авив во 2013 година. Посебна благодарност до сите 150000+ посетители кои уживаа во оваа уникатна изложба..
Young Engineers во училиштето КГ во Грција
На 14 ноември 2012 година, Амир Асор, главен извршен директор на е² Young Engineers и добитник на наградата „Претприемач на годината” на Youth Business International на принцот Чарлс, го посети училиштето Костеас-Геитонас и се сретна со ученици од 3 до 6 одделение за да им презентира лекции по математика и физика на еден нов начин. Учениците одлично се забавуваа правејќи свој лентест транспортер со помош на специјално дизајнираниот комплет на LEGO® коцки на Young Engineers. Деца од Грчката асоцијација за образование присуствуваа на часот и имаа можност да учествуваат во предавањето.
Bricks Challenge на Young Engineers
Краток клип од час за изградба на рампи за возови и бродови со LEGO® коцки. Часот е дел од наставниот план на Young Engineers Bricks Challenge. Уживајте.
e² изложба: Empire Bricks, Будимпешта 2014
e² Young Engineers ви претставува:
Empire Bricks – Гледајте. Играјте. Градете. Откривајте.
Технолошки интерактивна изложба на LEGO® коцки
Оваа изложба на заедницата на е² Young engineers е најсовремена интерактивна изложба на LEGO® коцки и прва од ваков вид во Унгарија и во светот.
Empire Bricks претставува комбинација од десетици оригинални интерактивни гигантски моторизирани модели од LEGO® коцки, LEGO® уметничка изложба и работилница за едукација низ забава на е² Young engineers, на која посетителите можат да градат интерактивни модели од LEGO® коцки кои имаат слични инженерски принципи со некои од експонатите.
Young engineers се занимава со наука, технологија, инженерство и математика (STEM) преку составување на интерактивни модели со LEGO® коцки со илјадници деца и млади од целиот свет. Програмите се промовирани од страна на подружницата на Универзитетот „Карнеги Мелон“ iCarnegie и ја имаат освоено наградата „Претприемач на годината“, востановена од страна на Неговото височество Принцот од Велс – Принцот Чарлс, кој делува како претседател на институтот.
Уживајте.
Изложба Bricks Empire – Романија
Ни претставува особено задоволство да споделиме со вас видео за технолошки интерактивна изложба на LEGO® коцки на e² Young Engineers –Bricks Empire, во Букурешт 2015 година.
Оваа изложба на заедницата на е² Young Еngineers е најсовремена интерактивна изложба на LEGO® коцки и прва од ваков вид во Романија.
Посетителите ќе можат да видат колекција од десетици оригинални интерактивни гигантски моторизирани модели од LEGO® коцки, LEGO® уметничка изложба и работилница за едукација низ забава на е² Young engineers, на која тие ќе можат да градат интерактивни модели од LEGO® коцки кои имаат слични инженерски принципи со некои од експонатите.
Уживајте!