Веруваме во вистинска желба за учење
И сакаме да направиме и Вие да поверувате
- Ние веруваме дека најдобар начин да се едуцираат децата е преку игри. Игрите можат да бидат алатки кои им помагаат на децата да учат за самите себе и за светот околу нив.
- Ние веруваме дека конвенционалниот начин на предавање на лекциите не предизвикува доволно интерес и љубопитност. Љубопитноста е примарна мотивација за желбата за учење.
- Ние веруваме дека наставните програми на Young Engineers обезбедуваат нова платформа за децата да градат, да ги покажуваат и да ги разбираат научните принципи преку искуства со игри. Нашите ученици разбираат дека треба добро да ги разбираат материјалите за учење за да можат да ги подобруваат своите способности за „играње”.
- Ние веруваме дека треба да се знае како да се направи децата да уживаат во материјалите за учење, и како правилно да се комуницира со децата, за тие да можат да ја усвојат темата на лекцијата.
Ние сакаме нашите ученици да сакаат да земат активно учество во сопствениот процес на учење. Веруваме дека до ова може да дојде преку процес во четири фази:
Врска: „Ми се допаѓа!”
Децата сакаат да играат и да учат нови игри. Сé додека се игрите забавни и возбудливи тие ќе сакаат да продолжат да играат.
Чувства: „Тоа ме интересира”
Луѓето секогаш ги подобруваат своите вештини кога работат на постигнување на целта за која покажуваат страст и интерес. Децата ќе стануваат се подобри во „играњето” на нашите игри, бидејќи тие се стремат да создаваат поголеми и подобри модели.
Разбирање: „Тоа ми е потребно”
Децата знаат дека за да можат да напредуваат во игрите и хобијата тие мора да ги знаат правилата. Во програмите за збогатување на знаењето на Young Engineers нашите ученици брзо сфаќаат дека мора да ги разбираат инженерските принципи во основата на моделите за да можат да ги подобрат своите способности и да постигнат успешен напредок во тоа.
Овластување: „Јас сум добар во ова!”
Лесно е да се учи нешто во кое што се ужива. Нашите ученици се забавуваат на нашите програми за збогатување на знаењето и им се допаѓа она што го прават. Ова ја зајакнува нивната желба да продолжат да учат и да продолжат да сакаат да ги совладуваат потребните вештини за да станат експертски градители.